Македонија може да се збогати од планинскиот туризам

Bez autora
Jun 08 2010

Македонија може да инкасира огромни средства од развојот на планинскиот туризам, а најголем бенефит од тоа би имало локалното население. Ова е генералниот заклучок по 11 дневната посета на група француски туристи на планинскиот регион во западна Македонија. Туристите од западните земји не сакаат хотели, туку сакаат да дојдат во контакт со локалното население, да пешачат, да уживаат во природата, да ја проучуваат локалната флора и фауна. Тој додава дека веќе три години доаѓа во Македонија, со цел да помогне планинскиот туризам да се издигне на тоа ниво што би станал самоодржлив. Идејата е да се развие туризам што ја респектира животната средина и не бара енормни инвестиции. Македонија има огромни потенцијали за развој токму на овој вид туризам. Посетата на француските туристи е во рамки на проектот за децентрализирана соработка меѓу француските општини и општините во Македонија.

Македонија може да се збогати од планинскиот туризамМакедонија може да инкасира огромни средства од развојот на планинскиот туризам, а најголем бенефит од тоа би имало локалното население.

Ова е генералниот заклучок по 11 дневната посета на група француски туристи на планинскиот регион во западна Македонија.

„Туристите од западните земји не сакаат хотели, туку сакаат да дојдат во контакт со локалното население, да пешачат, да уживаат во природата, да ја проучуваат локалната флора и фауна“, изјави Ив Фук, обучувач од Центарот за европски истражувања во областа на туризмот.

Тој додава дека веќе три години доаѓа во Македонија, со цел да помогне планинскиот туризам да се издигне на тоа ниво што би станал самоодржлив.

„Идејата е да се развие туризам што ја респектира животната средина и не бара енормни инвестиции“, рече Фук, нагласувајќи дека Македонија има огромни потенцијали за развој токму на овој вид туризам.

Посетата на француските туристи е во рамки на проектот за децентрализирана соработка меѓу француските општини и општините во Македонија.

За спроведување на проектот беше избран тетовскиот регион, а беше реализиран со помош на француското Министерство за надворешни и европски работи, Советот на Високи Алпи од Франција, општината Тетово и Француската алијанса во Тетово.

„Во регионот од каде доаѓам, во областа Високи Алпи на границата меѓу Италија и Франција, во минатиот век речиси половина од населението емигрираше, сè додека не започна развојот на планинскиот туризам. По 30 години ние го издигнавме туризмот на ниво на индустрија. Нашето место има 130.000 жители, а годишниот прилив од туризмот изнесува една милијарда евра“, рече Фук.

Тој додава дека на Македонија и недостасува имиџ и дека имиџот може да се подобри со контактот меѓу туристите и локалното население, а не со некакви видео спотови.

Во рамки на проектот, беше издаден и туристички водич „Планински прошетки на Шар Планина“ на четири јазика, француски, англиски, македонски и албански.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik